Лоши вести за Јокиќ и Денвер пред решавачкиот меч со Оклахома


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Ерон Гордон е под знак прашалник за одлучувачкиот натпревар на Денвер против Оклахома. Како што јавува ESPN, на крилото на Нагетс му е дијагностицирана повреда на задната ложа и неговиот статус за 7. натпревар против Оклахома Сити Тандер е под знак прашалник.

Гордон се повреди во шестиот натпревар од плеј-офот на НБА лигата, кога Денвер Нагетс во својата Бол Арена ги совладаа Оклахома Сити Тандери со резултат 119:107 и изборија одлучувачки натпревар.

Камерите го уловија Гордон на крајот од натпреварот како се држи за задната ложа, а потоа беше јасно дека прихрамува и се движи многу побавно од обично.

Одлучувачкиот натпревар за пласман во финалето на Западот меѓу Оклахома и Денвер ќе се игра во недела од 21:30 по наше време.

Фотографија: Grok AI