Лосон за малку ќе прегазеше редари за време на трката (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голем инцидент можеше да се случи за време на Големата награда на Мексико, но за среќа возачот на Рејсинг Булс Лијам Лосон одлично реагираше, па трагедија беше избегната.

Сè се случи откако Новозеланѓанецот се врати на патеката од боксот, а на средината на патеката се најдоа редари кои ги собираа деловите од болидот што останале расфрлани по бројните контакти на почетокот од трката.

Од тимот го предупредија Лосон дека го чекаат двојни жолти знамиња во првиот дел на патеката, како и да внимава на деловите од болидот, за потоа да налета на редарите.

„О, боже мој, дали ме шегувате? Дали го видовте ова? Можев да ги убијам“, рече Лосон во пораката до неговиот тим.