Лотар Матеус не може да се врати во Унгарија поради коронавирусот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германската фудбалска легенда Лотар Матеус е во проблем за време на пандемијата на коронавирус.

Поточно, тој останал заглавен во Дубаи додека бил на годишен одмор со семејството.

Поради пандемијата на коронавирус, Унгарија ги затвори своите граници и Лотар Матеус кој живее таму, сега не може да се врати дома.

„Не можам да се вратам во Унгарија, иако живеам таму повеќе од 16 години. Тие ги затворија своите граници и сите што немаат унгарски пасош не можат да влезат, па не можам да одам во мојот стан. Исто така е тешко да се влезе во Германија, така останав во Дубаи. Можеби е многу побезбеден, со оглед на овој хаос во светот “, рече Лотар Матеус.