Лозано по само една сезона си оди од Наполи и прави трансфер во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако до пред само неколку месеци водечките тимови од Премиер лигата беа заинтересирани за Хирвинг Лозано, по катастрофалната прва сезона во дресот на Лацио, тој може да направи трансфер во некој од послабите тимови од Островот.

Имено, „Калчомеркато“ пишува дека Евертон и Вест Хем се заинтересирани да влезат во преговори со Наполи за ангажман на мексиканскиот фудбалер.

Лозано пристигна во Наполи од ПСВ за сума од 44 милиони фунти, меѓутоа постигна само три погодоци на 23 натпревари во дресот на клубот од Неапол.

Карло Анчелоти кратко соработуваше со младиот фудбалер и сака да го види во својот тим од следната сезона.