Љубомир Вранеш го менува Вујовиќ на селекторското место во Словенија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Словенија денеска официјално доби нов селектор.

Изминатите години Словенците ги предводеше легендарниот Вујовиќ, но и покрај добрите резултати кои ги имаше, минатиот месец изненадно му беше врачен отказ.

Од тогаш неколку ракометни имиња се поврзуваа со Словенија, се спомнуваше и Хуан Карлос Пастор од Пик Сегед, но довербата на крај ја доби Швеѓанецот со српски корени Љубомир Вранеш.

Сегашниот стратег на шведскиот ИФК Кристијанштад низ кариерата имаше веќе прилика да работи како селектор, ги предводеше Србија и Унгарија, а исто така беше тренер и на Фленсбург и Веспрем.

Вранеш ќе ги предводи Словенците на Европското првенство кое се одржува меѓу 10 и 26 јануари во Норвешка, Шведска и Австрија. Словенија ќе игра во група со Шведска, Полска и Швајцарија.