Љубовта спрема клубот нема цена: Де Геа купува второлигаш?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Геа би можел да стане нов сопственик на второлигашот во шпанскиот фдбал Елче.

Како што пренесуват шпанските медиуми, Де Хеа би можел да вложи 18 милиони евра во купување на клубот. Де Геа е навивач на Елче, а во тој град е роден и неговиот татко.

Голманот на Јунајтед во 2017. година, кога Елче испадна во третата лига, прати поддршка до клубот и рече „Каде и да е, навивачите на Елче нема да го изневерат клубот“.

Де Геа во повеќе наврати е виден во претседателската ложа на стадионот на Елче.

Постои уште еден заинтересиран купец, а се очекува во наредните неколку месеци Елче да биде продаден.

Инаку, Де Геа неодамна го продолжи договорот со Јунајтед до летото 2023. година.