Лучано Спалети блиску да потпише нов договор со Јувентус


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Јувентус Лучано Спалети е блиску до потпишување на нов договор со клубот од Торино до јуни 2027 година.

Тутоспорт пренесува дека Спалети е подготвен да го продолжи договорот до јуни 2027 година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Италијанските медиуми наведуваат дека преговорите за продолжување на соработката започнаа пред неколку недели, а двете страни се блиску до договор. Спалети побара од челниците на клубот да има право на глас во одлуките за трансферите на играчите.

Спалети (67) го презеде Јувентус кон крајот на октомври минатата година, а има договор со торинскиот клуб до крајот на сезоната.

Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат на петтото место на табелата на Серија А со 53 поени.