Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Славниот романски тренер Мирчеа Луческо им предложи на Јувентус да го доведат Вилијан од Челзи.
Со Јувентус во последните неколку седмици се поврзуваат многу фудбалери, а според мислењето на некогашниот тренер на Интер и други клубови, за тимот на Сари идеално засилување би бил Бразилецот Вилијан.
Вилијан важи за едно од најдобрите крила на светската фудбалска јавност, а поради тоа што во јуни му истекува договорот со Челзи, Јувентус на крајот од сезоната можно е да го добие потполно бесплатно.
„На крајот од сезоната на Вилиjан му истекува договорот, би било добро за него кога би ја променил средината после толку години во Челзи. Би бил идеално засилувања на Јувентус“, изјави Луческо за Tuttosport.
За време на разговорот Луческо го прокоментира и инцидентот на Роналдо со тренерот Сари и се присети дека тој истата ситуација ја доживеал во Интер со „вистинскиот“ Роналдо.
„Морам да признаам дека Сари многу добро го поднесе тоа“, додаде Луческо.
Денес 74-годишниот Луческо е без ангажман откако во февруари го напушти кормилото на Турција.