Луд меч во НБА: Гркот Јанис постигна 55 поени (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Грчкиот ѕвер Јанис Антетокумпо имаше одличен настап во победата на Милвоки бакс против Вашингтон визардс.

Антетокумпо го заврши натпреварот со 55 поени, 10 скокови и седум асистенции, а ова е четврти меч во последните четири дена на кој некој кошаркар постигнува над 50 поени.

Донован Мичел претходно постигна 71 поен, Клеј Томпсон застана на 54, додека Лука Дончиќ постигнуваше по 51 и 60 поени.