Луд план: Шеици ќе го купат Јунајтед, па Мбапе ќе се пресели на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шеиците од Катар планираат да го купат Манчестер јунајтед, а потоа да го земат и Килијан Мбапе од ПСЖ.

Англиските медиуми го откриваат планот на шеикот Бин Јасим, кој е заинтересиран за Манчестер јунајтед.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2024 година, а дотогаш шеиците се подготвени да го преземат премиерлигашот и да го ангажираат францускиот напаѓач кој има желба да се пресели во Реал Мадрид.

ПСЖ не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ) без разлика на тоа што потроши еден куп пари, па шеиците сега сакаат да се обидат такво нешто да направат со Манчестер јунајтед.