Луд пресврт: Дибала бил во Лондон, но Јувентус во последен момент го откажал трансферот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, еден од најпроверените новинари, Давид Орнстеин ја пренесе информацијата дека трансферот на Аргентинецот во Тотенхем пропаднал.

Пауло Дибала бил во Лондон со својот агент, каде ги завршувале сите потребни работи околу трансферот, а потоа одеднаш се е запрено.

Причината е непозната, а медиумите пренесуваат дека челниците на Јувентус едноставно одлучија да не го продадат Дибала.

Иако се било договорено помеѓу двата клуба и останало само Тотенхем и Дибала да ги договори условите, последниот потег го повлече Јувентус.

Така Тотенхем можеби ќе остане и без најголемото засилување ова лето, а јавноста чека да се изјасни Јувентус зошто е стопиран трансферот.

Кога се работи за Тотенхем тие сеуште пробуваат да го завршат трансферот на Рајан Сесегно од Фулам, како и Ло Селса од Бетис.