Луди сцени во Австралија: Тенисер падна пред меч-топка, па мораше со количка да го изнесат од терен! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршија финалињата на Австралијан опен во јуниорска конкуренција, каде што кај дамите најдобра беше Хрватката Петра Мариченко, додека кај момчињата славеше Бруно Кузухара.

Кузухара во епско финале славеше против Јакуб Меншик од Чешка во три сета со 7-6, 6-7 и 7-5 во меч кој траеше цели три часа и 43 минути, по што поразениот мораше да го изнесат од терен со количка затоа што не се чувствуваше добро.

Младиот Чех во некои моменти немаше ниту сила да сервира, а поените беа долги и исцрпувачки. Кулминацијата беше забележана во последниот гем од мечот, кога Меншик падна од болка на теренот.

Кузахара потоа успеа да ја искористи својата шанса и да го освои трофејот, но и да покаже дека е голем спортист и притоа да го провери неговиот ривал дали се чувствува подобро.