Лудило во НБА: Ембид и Таунс се фатија за гуша! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навистина луда ноќ е зад нас во НБА-лигата, кадешто се случија неколку инциденти, а еден од нив беше тешката повреда на Стеф Кари во мечот на Голден Стејт Вориорс, како и тепачката меѓу Џоел Ембид и карл-Ентони Таунс.

Овие двајца кошаркари се степаа по еден дуел под кошот. Тргнаа со туркање, а потоа се создаде хаос во кој разменија по неколку удари.

Се вмешаа многу кошаркари, а на крајот очекувано двајцата беа исклучени, а Ембид продолжи со провокациите и постојано ја креваше публиката на нозе со своите потези.

Во секој случај навистина немил инцидент на НБА-паркетот, а интересно е и тоа што Ембид беше испратен како херој од теренот.