Лудница пред „Сан Сиро“: Навивачите се собраа пред дербито во Милано 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред стадионот „Сан Сиро“ во Милано се собраа огромен број навивачи, иако во светот во моментов владее пандемија на ковид-19.

На помалку од еден час пред дуелот меѓу Милан и Интер околу стадионот се собраа неколку илјади навивачи.

На две различни места околу стадионот се собраа навивачите кои им дадоа поддршка на своите фудбалери.

Иако Италија е една од најпогодените земји со вирусот и мерките се строги, сепак навивачите не ги спречи тоа да дојдат пред стадионот.