Лудница во Наполи: Елмас и соиграчите го напуштија карантинот, Анчелоти пред отказ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти наскоро би можел да добие отказ, зашто не ја почитувал одлуката на газдата Аурелио де Лаурентис.

Де Лаурентис наредил екипата, заедно со стручниот штаб, цела недела да бидат во карантин. Меѓутоа, по синоќешното реми со Салцбург (1-1), фудбалерите заминале во своите домови, а Анчелоти застанал на нивна страна.

Наполи соопшти дека ќе ги брани економските и дисциплинските права, па најверојатно ќе преземе управата нешто кон непослушните фудбалери.

Екипата од Неапол пред почетокот на сезоната беше еден од главните фаворити за освојување на Скудетото, но сега се далеку од првото место во Серија А, па може да се каже дека трката за трофејот е загубена.