Лудост или потреба: Зошто големите клубови заминуваат во Кина на подготовки


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во времињата кога големите клубови се расфрлаат со милиони, можеби износ од десет милиони евра и не звучи толку важно, но кога таа сума ќе се доведе во врска со ревијалните натпревари на Борусија Дортмунд на Далечниот исток, тогаш сфаќаме колку далеку отиде модерниот фудбал.

Тренерите нема да бидат посебно задоволни. Борусија прелета точно 19.734 километри, трпеше екстремни температури, некогаш и над 40 степени, бидејќи се работи за разлика од шест часови временска зона, константно беше под зголемен број на кинески новинари.

Сигурно дека имаше и подобри начини за екипата да се подготви за предизвиците за претстојната сезона.

Само два натпревари, победата против Манчестер Јунајтед (4:1) и поразот на пенали од Манчестер Сити. Евоник, компанијата која го краси дресот на Борусија, па и произведувачот на опрема Пума, ќе исплати богати бонуси за ваквите услуги на спонзорите.

Со парите од наградниот фонд се доаѓа до тие десет милиони евра.

Според наводите на германските медиуми, во  Дортмунд се надеваат дека во наредните неколку години од спонзорите од Далечниот исток ќе можат да извлечат 30 милиони евра годишно. Отттука и следната година на подготовки во Кина.