„Луѓето умираат, а ние играме фудбал. Тоа е апсурдно“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа имаше шест средби од осминафиналето во Лигата на Европа, додека две беа одложени.

Некои натпревари се играа без публика, а коронавирусот направи толку голема штета на клубовите, но пред се самиот фудбал.

Во Грција силите ги одмерија Олимпијакос и Волверхемптон. Беше 1:1, што секако им одговараше на гостите подобро.

Интересно е што, Британците побараа и одложување на натпреварот, но тоа не се случи.

“Играте натпревар и сфаќате дека луѓето во светот умираат … Ние играме фудбал. Тоа е апсурдно”, рече тренерот на Волците, Нуно Еспирито Санто.

Англискиот клуб порано изјави дека се разочарани што треба да се одигра натпреварот и дека воопшто нема смисла да се играат натпревари без навивачи.