Лука Дончиќ го собори рекордот на Коби Брајант! (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лука Дончиќ се разигра, првин го разби Кливленд со Лејкерси (127:113), а потоа и го „урна“ легендарниот Коби Брајант!

Неверојатен настап за Словенецот и веќе 15.000 поени во неговата НБА кариера. Поранешниот кошаркар на Реал Мадрид одигра одлично и запиша нов дабл-дабл со 42 поени, пет скока и 12 асистенции. Дончиќ воедно успеа да го собори 20-годишниот рекорд на Коби Брајант, како играч со најмногу поени во еден календарски месец за Лос Анџелес Лејкерс.

Лука само во март постигна 579 поени, додека Брајант во далечната 2006 година постигна 578 поени. Словенецот мораше да пропушти еден натпревар поради суспензија, бидејќи доби 16. техничка грешка против Вашингтон Визардс, па споменатата бројка ќе беше уште поголема.