Лука Дончиќ стана ко-сопственик на тим од НБА Европа!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лука Дончиќ стана дел од инвестициската група на Дони Нелсон, поранешен генерален менаџер на Далас, кој има за цел да го доведе Рим во НБА Европа, објави Атлетик.

Нелсон има договор за купување на Кремона, со цел да започне многу поголем проект, а тоа е влез во лигата под покровителство на ФИБА и НБА.

Се пишуваше дека во таа екипа е и Дирк Новицки, меѓутоа неговиот портпарол ја негираше таа информација.

Сепак, во тимот на соработници треба да биде Римантас Каукенас, некогашен прославен литвански кошаркар.

Кремона поседува лиценца за Серија А, а секој тим кој ќе се натпреварува во НБА Европа мора истовремено да игра и во првиот ранг на домашното првенство.

Со таа лиценца, Дончиќ и партнерите потоа би основале практично нова франшиза во Рим.