Лука Дончиќ со нова магија против Нетс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот Словенец одигра уште еден квалитетен натпревар во НБА лигата.

Далас Маверикс го совлада Бруклин Нетс со 123:111 и Дончиќ постигна 31 поен со 13 скокови и седум асистенции во 34 минути поминати на паркетот. Покрај него Сет Кари постигна 25 поени, додека кај гостите Динвиди постигна 19 поени.

Инаку, натпреварот подобро го отворија гостите од Бруклин кои имаа плус 10 (15:5), но Мавси го презедоа водството до крајот на првата четвртина.

Во втората четвртина, Мавс го држеше водството, а потоа Нетс повторно заминаа на плус 10. На полувреме резултатот гласеше 65:60.

До средината на четвртата екипите се менуваа во водство, а потоа Мавс ја направија серијата и остварија убедлива победа и сега имаат скор од 22-12, што им носи петто место на Западот.