„Лука Јовиќ е дрво во Реал Мадрид!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумнистот на шпански „Диарио Спорт“, Алехандро Алкасар го нападна српскиот фудбалер Лука Јовиќ поради неговите настапи во екипата на Реал Мадрид.

Србинот постигна само еден гол на 15 натпревари за „кралевите“, а тоа е малку за голгетер каков што му е потребен на лидерот во шпанската Ла Лига.

„Во тимот на Анчелоти постојат неколку фудбалери од кои се очекува повеќе, но од тие кои најмногу ме лутат е српскиот напаѓач. Јовиќ веќе трета сезона е во клубот и во моментов е дрво, зашто не може да постигне гол“, пишува Алкасар.

Новинарот му се налути на српскиот напаѓач поради неговата пасивност во дуелите со Елче во шпанскиот Куп, а потоа и во Ла Лига, кога Реал Мадрид се спаси од пораз (2-2).