Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Јовиќ е постојано поврзуван со заминувањето од Реал Мадрид.
Младиот српски напаѓач не ги исполни очекувањата на Зинедин Зидан во првата сезона, па затоа тој беше почесто во скандали отколку на теренот.
Долго време се шпекулира за заминувањето на Јовиќ од Реал. Таа опција е се поблиску, а по Интер, Наполи, Милан и Арсенал, друг клуб се вклучи во играта за да го донесе 22-годишниот напаѓач.
Тоа е тимот на Монако. Принцовите ги презеде хрватскиот стручњак Нико Ковач, кој го водеше Јовиќ во Ајнтрахт Франкфурт, а сега го посакува во својот тим пред почетокот на новата сезона.
Така, Јовиќ наскоро би можел да отплови директно од јахтата во Мајорка до Монако, но сигурно треба да ја почекаме одлуката на Зидан дали ќе смета на него на натпреварите во Лигата на шампионите.
Покрај Јовиќ, Нико Ковач сака да го донесе и Филип Костиќ, уште еден член на Ајтнрахт.