Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што се случува околу повредите, на никого не му е јасно, Реал не се огласува, шпанските медиуми тврдат дека не е повреден. Притисокот се поголем, Французинот размислува за други решенија веќе за сабота…
Вистинска мистерија е околу Лука Јовиќ. ФСС соопшти дека ја обновил повредата, дека нема да биде на располагање за репрезентацијата на Србија против Луксембург, некои шпански медиуми ова го прогласија за лажен аларм и тврдат дека напаѓачот не е повреден.
Она што се знае е дека Јовиќ бил на теренот неколку минути, а официјалната верзија е дека ја обновил поврдата на колкот.
Најпрво кружеа информации дека повредата е од полесна природа и дека се вратил во Мадрид за да се опорави.
Наивачите го дочекаа на нож, осново прашање е зошто влегувал во игра ако чуствува последици од повредата, многумина се плашат дека Зидан потполно изгубил доверба во него и ќе се сврти кон други решенија.
Пред сите е Маријано Дијаз, а Зидан наводно размислува околу тоа Азар да биде лажна деветка откако ќе се врати во тимот, кога ќе го одмара Бензема, а трето решение е едноставно да го наполни тимот со офанзивни везни играчи во некоја варијанта 4-5-1.
Останува да видиме што ќе се случува во наредниот период.