Лука Јовиќ за „Билд“ откри каде ќе игра следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ верува дека нема да остане во Ајнтрахт Франкфурт. Тој во моментов е позајмен во германскиот тим, но има договор со Реал Мадрид.

Јовиќ сака на крајот на сезоната да се врати во Мадрид.

„Го сакам Ајнтрахт и тоа за мене е посебен клуб во секој поглед, но сите знаат дека сум играч на Реал. Се враќам во Мадрид на крајот на сезоната“, вели Јовиќ.

Јовиќ стигна во Реал во 2019 година, но не се прослави и постигна само два гола, по што беше испратен на позајмица, а во Ајнтрахт на 12 настапи се запиша трипати во листата со стрелци и имаше една асистенција.