Лука Зидан ја менува репрезентацијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако ги помина сите младински селекции на Франција, синот на легендата на Триколорите Зинедин Зидан, Лука Зидан е заинтересиран за настап во селекцијата на Алжир.

Тој има право на настап за оваа африканска селекција поради своите корени. Фамилијата Зидан е со потекло од Алжир, па Лука размислува во иднина да го промени државјанството.

Оваа вест низ алжирските медиуми беше дочеката со големи воодушевувања и сигурно дека нема да има никакви проблеми околу решавање на потребните документи.

Лука Зидан важи за многу перспективен голман. Сепак, вистинската шанса во Реал не ја доби, иако татко му е тренер, па ова лето одлучи да оди на позајмица во Расинг.

Ги помина сите младински категории на Кралевите со кои е во дговор до јуни наредната година.