Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Јунајтед е полн со самодоверба.
Ромелу Лукаку нуди многу добри партии во тимот на Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Солскер, а во изјава за белгиските медиуми зборуваше за натпреварите во репрезентацијата.
Имено, овој напаѓач смета дека е најдобар напаѓач во историјата на Белгија.
Иако има 26 години, тој е најдобар стрелец во Белгија со постигнати 45 погодоци во државниот дрес, а има одиграно 79 натпревари.
„Луѓето понекогаш ме прашуваат дали сум помеѓу трите најдобри белгиски напаѓачи во историјата, а јас му тврдам дека сум најдобар од сите и тоа со километри предност. Јас сум најдобар стрелец и тоа е тоа“, кажа Лукаку.
Неодамна Лукаку изјави дека е најбрзиот играч во Јунајтед, а тоа го покажува и статистиката во која се наведува дека имал два најдобри спринтови во оваа сезона во својот тим.
Лукаку го облече црвениот дрес на Ѓаволите кога дојде од Евертон во јули 2017 година. Оваа сезона во одиграните натпревари, Лукаку постигна 15 погодоци и имаше четири асистенции.