Лукаку ги предаде за пари, па сега ги моли да го земат назад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најскапото засилување во историјата на Челси, Ромелу Лукаку се реши на нов контроверзен потег. Тој не игра добро под водство на тренерот Томас Тухел и не е среќен затоа што е резервна опција во нападот.

Лукаку решил на лето да го напушти „Стемфорд бриџ“ по вторпат, а во моментов сака да заигра само во еден клуб, а тоа е Интер каде што играше пред да се врати во Лондон.

Белгиецот играше најдобар фудбал во Милано, откако претходно имаше неуспешна авантура во Манчестер јунајтед, па сега би можел да се врати во Интер.

Лукаку ја признал грешката и подготвен да се побара прошка од навивачите, кои му се налутија минатото лето бидејќи го предаде Интер за повеќе пари и подобри услови во Челси.