Лукаку ги симна Нејмар и Роналдо од врвот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ромелу Лукаку вчера беше официјално претставен како ново засилување на Челси. Лондонскиот клуб за него му плати на Интер сума од 115 милиони евра, а Белгиецот така стана играч за кој тимовите во неговата кариера потрошиле најмногу пари.

На Лукаку за трансфери биле потрошени вкупно 327,56 милиони евра, по што следи Нејмар со 310,2 милиони евра, а Белгиецот го надмина и Кристијано Роналдо, кој падна на трета позиција со 230 милиони евра.

Лукаку ја почна кариерата во Андерлехт, по што замина во Челси, а беше на позајмици во ВБА и Евертон, кој потоа го откупи.

Од „Гудисон парк“ замина во Манчестер јунајтед, а потоа во Интер, по што се враќа повторно во Премиерлигата, односно во тимот на Челси.

За Интер одигра 95 меча, а притоа постигна 64 гола и запиша 16 асистенции.