Лукаку го најави заминувањето од Манчестер Јунајтед со една објава на социјалните мрежи


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Ромелу Лукаку е се поблиску до заминување од редовите на Манчестер Јунајтед.

Белгискиот репрезентативец веднаш штом експедицијата на Јунајтед стигна во Манчестер замина во Белгија на средба со неговиот агент, Федерико Пасторело, а денес објави фотографија со него по која го најави заминувањето од англискиот клуб.

Лукаку постираше фотографија со Федерико Пасторело под која напиша „Наскоро ќе продолжиме“ со што најави заминување од Манчестер Јунајтед.

За него постои сериозен интерес од Интер, а доцна синоќа излезе информација дека Јувентус го нуди Пауло Дибала на Манчестер Јунајтед во замена за белгискиот фудбалер, опција која е доста прифатлива за „ѓаволите“.