Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку беше промовиран како ново засилување на Рома, каде што доаѓа на позајмица од Челси.
Рома за позајмицата на Челси ќе му плати шест милиони евра, а наводно има опција да го откупат на крај на сезоната, иако не се откриваат повеќе детали.
Лукаку најпрво преговараше за трансфер во Интер, но тоа пропадна по неговите тајни состаноци со раководството на Јувентус.
Екипата од Рим се реши да ангажира нов напаѓач затоа што Тами Абрахам се повреди и тренерот Жозе Мурињо долго време не може да смета на неговите услуги.
ECCOLO! Romelu Lukaku è un nuovo calciatore giallorosso! 🐺🇧🇪#ASRoma pic.twitter.com/wnOv8xGg7u
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 31, 2023