Лукаку и Зијех се караа на холандски јазик, а Англичаните открија што било главна тема!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европскиот шампион Челси освои само еден бод на гостувањето кај Брајтон (1-1) и така полека, но сигурно ја изгуби трката за титулата во Премиерлигата, каде што Манчестер сити игра во фантастична форма.

Челси не беше добар на теренот, а најмногу критики добија Ромелу Лукаку и Хаким Зијех, кој го постигна единствениот погодок за „сините“ во натпреварот.

На социјалните мрежи се појави видео од крајот на првото полувреме, кога камерата ги сними Зијех и Лукаку како се караат на холандски јазик, но англиските медиуми набрзо открија за што зборувале.

Белгиецот му објаснуваше на Мароканецот дека центрирал премногу силно и не можел да ја смири топката, а Зијех се правдаше дека тоа не е вистина и Лукаку реагирал лошо во ситуацијата.