Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На церемонијата пред извлекувањето на групите во Лига Европа беше објавено дека Ромелу Лукаку е избран за најдобар фудбалер.
Фудбалерите на Интер во финалето на Лига Европа загубија од Севиља со 2-3, но нивниот напаѓач ја доби престижната награда.
„Прво би се заблагодарил на Бог што ме стави во позиција да играм за тим кој го сакав како дете. Честитки до Севилја, тие го освоија трофејот. Би се заблагодарил на мајка ми, брат ми, агентот, цела моја нација. Би му се заблагодарил на Конте, стручниот штаб и сите останати во тимот кои веруваа во мене сезонава. Но, најмногу би сакал да се заблагодарам на соиграчите кои ми беа како семејство од првиот ден“, кажа Лукаку.