Лукаку ја сними забавата во соблекувалната на Интер по победата против Милан (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интер синоќа славеше во неверојатната победа од 4-2 против Милан и се врати на првото место во Серија А.

По првото полувреме, немаше индикации дека Интер ќе слави на крајот на натпреварот. Милан поведе со 2:0 и имаше сè во свои раце, но Интер продолжи да се бори и да победи со 4:2 во продолжението на мечот.

Милан поведе со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ, но Интер се врати за само три минути со головите на Брозовиќ и Вецино. Работата ја завршија головите на Де Вриј и Лукаку во конечни 4:2.

Натпреварот беше проследен со голема прослава во соблекувалната на Интер, а сето тоа го сними Лукаку кој игра по неверојатна форма уште од пристигнувањето во Меацо.