Лукаку не издржа и се огласи по скандалозната насловна на „Кориере дело Спорт“: Тоа е најглупавиот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортската јавност утрово остана шокирана откако „Кориере дело Спорт“ во продажба го пушти својот нов број на весникот.

Медиумот со традиција долга 100 години објави скандалозна насловна фотографија на која беа Ромелу Лукаку и Крис Смолинг а истата го носеше насловот „Црн Петок“.

Многумина го нападнаа весникот, а коментар преку социјалните мрежи упати и Ромелу Лукаку.

„Наместо да се фокусираме на дуелот на двата клуба, Кориере дело Спорт се појави со најглупавиот наслов кој некогаш сум го видел во кариерата. Тие новинари на таков начин ги охрабруваат сите оние кои се расистни. Наместо да зборуваме за преубавиот натпревар кој не чека утре, ние сега зборуваме за ова. Едукацијата е клуч. Вие од Кориере дело Спорт мора подобро да си ја работите работата. Им благодарам на сите навивачи и други новинари кои ни дадоа поддршка. Се радувам на утрешниот меч. Напред Интер“ –напиша Лукаку.