Лукаку одговори на критиките на Невил: Не треба да зборуваш такви работи за мене…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед летово го продаде Ромелу Лукаку во Интер, а набрзо се постави прашањето за физичката подготвеност на Белгиецот.

Наводно, Белгиецот пристигнал во Италија со вишок килограми, па се шпекулираше дека ќе го пропушти стартот на сезоната. Сепак, Лукаку дебитираше со погодок во првото коло од Серија А.

Легендата на „ѓаволите“, Гери Невил неодамна почна да работи како стручен коментатор, а за Лукаку кажа дека е непрофесионален, по што следуваше одговор од Белгиецот.

„Тој може да зборува за мојата физичка подготвеност, но никогаш не треба да зборува за мојот професионализам, зза тоа што не го правам доволно добро. Сите тренери ја кажуваа истата работа за мене. Што каже Солскјер? Дека давам максимум за да станам подобар. Исто беше со Жозе Мурињо и со Роберто Мартинез, а сега истото ќе ви го каже и Антонио Конте. Едноставно лани имав лоша година. Тоа се случува во фудбалот…“, порача Белгиецот.