Лукаку постигна гол против Милан и испрати јасна порака (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синоќешното дерби му припадна на Интер кој триумфираше со голем пресврт против Милан.

Милан поведе со 2:0 по првото полувреме со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ, но во второто полувреме Интер забележа голем пресврт.

Брозовиќ, Вецино, Де Вриј и Лукаку беа стрелци за Интер. По постигнатиот гол во судиското продолжение против Милан, се огласи и самиот Лукаку.

Тој на Твитер објави фотографија од прославата со опис на „Новиот крал во градот“.