Лукаку потпиша за Челси: Се враќам со многу искуство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси вечерва потврди дека го ангажира Ромелу Лукаку, кој доаѓа од Интер за сума од 115 милиони евра, а потпиша договор со лондонскиот тим до 2026 година.

Лукаку во претходниот престој во Лондон одигра само 15 меча за Челси пред да замине во Евертон во 2014 година.

Белгиецот по одличната сезона во Интер се враќа во Челси затоа што Томас Тухел смета дека со него во нападот би можел да ја освои титулата.

„Среќен сум што се вратив во овој прекрасен клуб. За мене ова беше долг пат. Дојдов тука како дете кое имаше многу да научи, а сега се враќам со многу искуство. Односот кој го имам со овој клуб многу ми значи. Го поддржував Челси како дете, а сега се враќам и чувството е неверојатно“, вели Лукаку.