Лукаку се посрамоти: Фиорентина ја освои „Меаца“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Интер го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари и така продолжија со очајната форма во Серија А. Вечерва од нив подобра беше Фиорентина со 1-0.

Најмногу од редовите на Интер се посрамоти Ромелу Лукаку, кој промаши и празен гол од само два метри, а потоа пристигна казната од Фиорентина, кога Џакомо Бонавентура го матираше Андре Онана.

Интер има 50 бодови, па го чека тешка битка за пласман во топ-4 затоа што Милан има 48, а Рома со 47 бода е на петтата позиција.