Лукаку си оди од Челси и се сели во Италија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Челси и белгиски репрезентативец Ромелу Лукаку следната сезона би можел да заигра во Јувентус или Милан, откако реши да го напушти лондонскиот гигант.

Лукаку минатата година стигна во Челси од Интер во трансфер вреден 115 милиони евра, меѓутоа Белгиецот имаше мала минутажа во тимот затоа што не ги орпавда очекувањата и постигна само осум голови на 26 меча.

Италијанскиот медиум „Кориере дело Спорт“ објави дека за Лукаку се заинтересирани Јувентус и Милан, но белгискиот напаѓач би можел да ги засили само на позајмица затоа што во Челси има годишна плата од 15 милиони евра, која никој не моеж да ја плати.

Лукаку претходно во кариерата играше за Интер, Манчестер јунајтед, Евертон, ВБА и Андерлехт.