Лукаку со интересен коментар: Ако ми го кажа тоа Роналдо, тогаш се ви е јасно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напѓачот на Интер, Ромелу Лукаку кој игра во одлична форма даде навистина интересна изјава за тоа што му го кажал Кристијано Роналдо за Серија А.

Белгиецот посочи дека Роналдо му кажал дека Серија А е најтешка лига за постигнување погодоци.

„Зборував со Роналдо и ми рече дека ова е најтешка лига во светот. Роналдо ми кажа дека секаде давал голови, но дека овде му е најтешко. Ако еден Роналдо мисли дека е тешко, тогаш мора да е навистина тешко и се ви е јасно“ –истакна Лукаку кој има постигнато 14 погодоци во 22 натпревари во дресот на Интер.