Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холандскиот дефанзивец Матијс де Лигт дебитираше вчера во дресот на Јувентус.
Тој имаше многу понуди на маса после одличната сезона во Ајакс, но на крајот го одбра Јуве.
Вчера тој дебитираше на пријателски натпревар против Тотенхем.
Меѓутоа, дебито не помина баш како што се очекуваше, бидејќи Јуве беше поразен со 3-2, а италијанскиот тим прими гол само две минути откако Де Лигт влезе наместо Бонучи.
Погодокот го постигна Лукас Моура за кој многумина кажуваат дека е ноќна мора на Де Лигт. Наводно, тоа е поради полуфиналето од ЛШ од минатата сезона која Бразилецот со неверојатен хет-трик го одведе Тотенхем во финалето.
Ајакс тогаш беше на чекор од финалето, но Моура беше ноќна мора за одбраната на овој тим, посебно за Де Лигт кој никако не успеа да излезе на крај со него.
Така беше и вчера кога после само две минути поминати на теренот од страна на Де Лигт, Моура постигна гол.
Lucas Moura 2-2 What a pass by Ndombele!!!!! COYS!!!! pic.twitter.com/GVJV7CGRPS
— 10jbeez10 (@10jbeez10) July 21, 2019