Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси вчера го купи Нони Мадуеке од ПСВ Ајндховен за 35 милиони евра, па така премиерлигашот продолжи со засилувањата пред останатите предизвици оваа сезона.
Мадуеке по доаѓањето во Лондон кажа дека сака да има успешна авантура во премиерлигашот и посочи дека сака да биде новиот Еден Азар.
Азар играше во Челси седум сезони и беше еден од најдобрите фудбалери на тимот пред да замине во Реал Мадрид.
„Мој омилен фудбалер е Азар, кој секогаш ги возбудуваше навивачите со неговото влегување на теренот. Слични сме за некои работи и се надевам дека ќе бидат добар како него“, кажа Мадуеке.