Магијата на Тричковски со која го матираше Гачевски ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски вчера повторно беше одличен во тимот на АЕК Ларнака, иако загубија со 1-2 од Паралимни, каде што брани поранешниот голман на Вардар, Филип Гачевски.

Тричковски успеа да постигне одличен погодок против Гачевски, кој потоа почна да брани многу подобро и му донесе триумф на Паралимни во кипарското дерби.

Македонскиот напаѓач се наоѓа во одлична форма пред мечот против Косово во баражот за пласман на Евро 2020, кој се игра на 8 октомври во Скопје. Тој постигна четири гола на шест кола одиграни во кипарскиот шампионат.