Махачев ќе се тепа со Македонецот Волкановски (Видео)

Ислам Махачев минатата ноќ стана шампион во лесна категорија по победата против Чарлс Оливеира на УФЦ 280 во Абу Даби.

Махачев веќе размислува за следен противник, а тоа ќе биде австралискиот борец со македонско потекло, Александар Волкановски кој во кариерата има 25 победи и еден пораз.

Волкановски влезе во рингот по победата на Махачев и прифати борба против новиот шампион во лесна категорија.

Махачев досега има 23 победи и еден пораз во УФЦ, додека Волкановски има 25 триумфи и еден неуспех.