Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот УФЦ-борец Џеј Силва почина на 45-годишна возраст, пренесоа американските медиуми специјализирани за боречки спортови.
Тажната вест во понеделникот ја објави организацијата “Fame MMA”, но причината за смртта досега не е официјално соопштена.
– Со голема тага ја известуваме јавноста дека нè напушти легендарниот Џеј Силва. Со своите настапи, носеше емоции, енергија и врвен професионализам. Секогаш го покажуваше срцето на вистински борец и засекогаш ќе остане запаметен како важен дел од историјата на нашата организација. На неговото семејство, пријателите и најблиските изразуваме искрено сочувство. Почивај во мир – наведено е во соопштението.
Силва за време на кариерата двапати влегол во октагонот на UFC. Првиот настап го имал во 2009 година против CB Долавеј, од кого беше поразен со едногласна одлука на судиите. Подоцна се соочил и со Крис Лебен, но и тој дуел заврши со пораз на поени.











