Мајами го победи Бостон и направи чекор кон финалето (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајами хит направи два брејка против Бостон селтикс и се наоѓа на чекор до финалето во НБА-лигата.

Бостон имаше предност од 12 поени на стартот на последната четвртина, но Браун и Тејтум разочараа во финишот и тоа го искористи Мајами преку Батлер и Адебајо.

Батлер постигна 27 поени, а Мартин додаде 25, додека Адебајо го заврши мечот со 22 поени, 17 скокови и девет асистенции.

Во екипата на Бостон најдобар беше Тејтум со 34 поени, а имаше и 13 скокови, додека Браун постигна само 16 поени.

Следните два меча во финалната серија на Истокот се играат во Мајами.