Мајами го уништи Бостон и се приближи до големо финале (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајами хит славеше со убедливи 128-102 против Бостон селтикс и поведе со 3-0 во финалето на Источната конференција.

Најдобар на паркетот беше Гејб Винсент кој постигна 29 поени, додека Робинсон додаде 22 поени за победничката екипа. На спротивната страна најефикасен беше Тејтум со 14 поени и 10 скокови, а Браун запиша само 12 поени.

Четвртиот меч во финалната серија се игра во Мајами, а домаќинот ќе има шанса да избори пласман во големо финале.