Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мајами хит не се предава во финалната серија против Лос Анџелес Лејкерс бидејќи во петтиот меч славеше со 111-108 и така намали на 2-3.
Лејкерс не ја искористи првата шанса за титула, а Мајами остана во игра и ќе се надева на изненадување до крајот на серијата.
Од самиот почеток беше јасно дека ќе гледаме одличен натпревар. После првата четвртина Мајами имаше предност од 25:24, додека на пауза се замина со 60:56 за кошаркарите на Хит.
Успеваа Лејкерси цело време да се одржуваат на мало заостанување, но никако немаа сили да направат пресврт и да го свртат резултатот во своја корист. Хит во третата четвртина ја чуваше предноста и навистина кошаркарите на овој тим лавовски се бореа за финалето да не заврши со овој меч.
Вистинска драма гледавме во финишот од натпреварот. Лејкерси се вратија резултатски и изгледаше како да имаат сили за пресврт. Мајами не се откажуваше и ја чуваше предноста и на крајот победи со три поени разлика.
До победата Мајами го предводеше Џими Батлер кој запиша трипл-дабл, 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Кај Лејкерси се истакна Леброн со 40 поени, но тоа не беше доволно да го одведе својот тим до триумф.