Мајами остана во игра: Батлер блесна и го наполни кошот на Лејкерс ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мајами хит остана во игра за освојување на НБА-лигата. Во третиот меч од големото финале тимот од Флорида го победи Лос Анџелес лејкерс со 115-104 и намали на 1-2 во серијата.

Мајами заслужено стигна до првата победа во големото финале. Тие имаа предност од самиот почеток на мечот, а на стартот на третата четвртина имаа +14 (68-54).

Меѓутоа, постоеше можност да го уништат водството, зашто Лејкерс направија пресврт (91-89), сепак Мајами со одлична игра успеа да слави на крајот.

Одличен меч одигра Џими Батлер кој постигна 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции, додека на другата страна Леброн Џејмс постигна 25 поени и десет скокови.