Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мајами хит го совлада Милвоки бакс со 128-126 и така со 4-1 во плејоф-серијата го елиминираше најдобриот тим во Источната конференција.
Милвоки доминираше во текот на целата сезона и заврши како најдобар во регуларниот дел, но се распадна во плејофот, каде што немаше решение за расположените кошаркари на Мајами.
Батлер го заврши натпреварот со 42 поени, додека Јанис Адетокумпо имаше 38 поени и 20 скокови.
Мајами во источното полуфинале ќе се соочи против Њујорк, кој беше подобар со 4-1 од Кливленд, откако синоќа славеше со 106-95, а најмногу поени (23) постигна Џејлен Брансон.